Уште два нови случаи на корона вирус во Кавадарци

by Фокус

Бројот на инфицирани лица од Ковид-19 во Кавадарци се искачи на 25, откако денес се регистрирани два нови случаи. Од нив, активни се 17.

Новорегистрираните пациенти се маж на возраст од 26 години и жена на возраст од 48 години. Пациентот кој е вработен во приватна фирма, поради пројавени симптоми се тестирал. Со лесна клиничка слика тој останува на домашно лекување.

Пациентката, пак, е здравствен работник и исто така со благи симптоми останува на домашно лекување. Од Центар за јавно здравје Кавадарци ги потврдија случаите и се прави анкета на нивните контакти.

Поврзани новости