Уште 8 пациенти ја изгубија битката со корона вирусот

by fokus 18:01
18:01

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 237 заразени со Кови-19, но и 8 починати пациенти, кои ја изгубиле битката со Ковид-19.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

- Advertisements -

Од почетокот на пандмијата па се до сега, вкупно 2.530 граѓани починаа како последица на Ковид-19.

Поврзани новости