Во врска со настанот што се случи пред неколку дена во скопската населба Ченто досега од страна на СВР Скопје се поднесени кривични пријави за три лица, а дополнително од нивна страна е извршено идентификување и се повикани на разговор 21 лице кои учествувале во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело, информираат денеска од МВР.
– Во следниот период, а во насока на целосно расчистување на настанот Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со обезбедување на доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, се подвлекува во соопштението од МВР и се посочува дека неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници.