Уште 19 починати од ковид, најмладите имале 42 години

by fokus

Во изминатото деноноќие, регистрирани се 830 оздравени пациенти од ковид 19, а починале 14 лица.

Притоа, како што информира Министерството за здравство, 9 починати лица се од Скопје (83, 83, 77, 76, 74, 63, 57, 51 и 42), 2 починати лица од Куманово (63 и 60) и по едно починато лице од Велес (75), Кратово (42) и Кичево (42). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирања на ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 188.635, бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.

Поврзани новости