Уште 12 граѓани ја загубија битката со корона вирусот

by fokus
Во последните 24 часа починати се 12 лица заразени со корона вирус. Четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65г.), еден пациент од Дебар (72г.), двајца од Струга (79 и 81г.), два пациенти од Охрид (94 и 66г.), еден пациент од Струмица (79г.), од Крива Паланка (59г.) и еден пациент од Кичево (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106.

Поврзани новости