Уште 10 пациенти од Геријатрија заразени од корона вирус

by Fokus

По направените тестирања во Геронтолошкиот завод во Скопје, бројката на пациенти заразени со корона вирус се искачи на 15.

Денеска резултатите покажале присуство на корона вирусот уште кај 10 лица, пренесува ТВ24.

„Се работи за асимптоматски случаи, ќе бидат изолирани во Заводот со кадар што ќе работи таму со нив“ – рече министерот Филипче.

Поврзани новости