Уште 10 пациенти ја изгубија битката со корона вирусот

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 449 заразени од Ковид-19, но и 10 пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот.

-Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (83г, 79г, 65г), по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Поврзани новости