419
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен утре ќе пристигне во посета на Скопје. Таа ќе има средби со државниот врв, а ќе се обрати и во Собранието пред почетокот на седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.
Од Владата соопштија дека претседателката на Европската комисија утре напладне ќе има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирана е и билатерална средба.
Претходно фон дер Лајен ќе има средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.