Урко: Ќе работам чесно како претседател на Кик боксинг федерацијата на Македонија

by fokus 16:28
16:28

Кик Боксинг федерација на Македонија на вонредна седница за свој нов претседател го избра поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко. За него гласаа сите членови на вчерашното собрание.

-Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓу  клупските и меѓу тренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот помеѓу клубовите во федерацијата, кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати како на домашни така и на меѓународни првенства, изјави Митровски на првата седница на новиот Извршен одбор.

- Advertisements -

На собранието беше избран и Извршен одбор и нов Надзорен одбор на Кик боксинг федерацијата на Македонија.

Поврзани новости