Уредникот на Инфомакс ocyден на шестмесечна условна затворска казна, оддал службена тајна

by Fokus

Уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски, денеска беше осуден на шестмесечна условна затворска казна, за оддавање службена тајна.

Митовски беше обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев.

-Само што заврши рочиштето на коешто бев обвинет за оддавање на службена тајна, рочиште кое што само потврди дека во Македонија владее инквизиција. Тука не важат повеќе закони, не важи Устав, не важат меѓународни договори, не важат повелби за човекови права и слободи. Јас само од тука можам да порачам дека апсолутно сум горд на ова што го работам, можам да кажам само дека нема да престанам ова да го работам иако како што најави судијката Љубинка Башевска за која што добивме информации дека добивала и нарачки за пресудава, а и некои друг мои колеги ги објавија овие информации, таа ја исполни нарачката, а ја и порачувам побрзо да ја унапредат како награда за ова што таа денес мене успеа да ме осуди на 6 месеци условно.Ова е срамота, срамен ден за Македонија, за слободата на говоро, за слободата на медиумите и човековите права, вели Митовски.

Поврзани новости