Ураганот „Ирма“ ги зеде првите жртви на Флорида, тројца загинати

by fokus

Ураганот Ирма ги зеде првите жртви на Флорида, каде најмалку три лица загинаа, јави Еј-Би-Си Њуз.

Истовремено 1,1 милион жители на оваа американска сојузна држава останаа без струја.

Еден маж во округот Моро загинал кога ја загубил контролата врз камионот, со кој превезувал генератор, соопштија локалните власти.

Уште две лица загинаа во сообраќајна несреќа во округот Харди, на патот на кој имало поројни врнежи, соопшти патролната служба на автопатиштата на Флорида.

Биланост на загинатите во налетот на Ирма на Карибите достигна најмалку 25 лица.

Ударите на ветрот во јужните делови на Флорида се од 160 до 215 километри на час, зависно од локацијата. Околу сто илјади лица одлучиле бурата да ја пречекаат во своите домови и во засолништата.

Поврзани новости