Управувале возила без возачки дозволи, се судриле, тројца се повредени

by Fokus

Тројца се повредени при судир на две возила, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена околу 22,00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во тетовска Голема Речица, се случила сообраќајна несреќа во која учестувале патничко моторно возило „Пежо 306“,  со тетовски регистерски ознаки управувано од Ш.Ф.(36) од село Ново Село, тетовско, и „Лупо“, управувано од Е.Б.(21) од Тетово. Двете возила лицата ги управувале без возачка дозвола. Во незгодата Р.Ф.(76) од Ново Село, сопатничка  во „Лупо“ се задобила со тешки телесни повреди, а уште двајца сопатници од двете возила со телесни повреди.

Трите повредени лица се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.

Поврзани новости