Управниот суд уважи тужба на ВМРО за поткуп на гласачи во Сарај

by Фокус

Управниот суд уважи тужба на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за подмитување гласачи за избор на членови во Советот на Град Скопје, на гласачкото место 2461 во Сарај.

Откако ќе ја добие одлуката, Државната изборна комисија треба да се изјасни дали прегласување на ова избирачко место може да влијае врз изборниот резултат.

Управниот суд се изјасни за сите 28 тужби поднесени за првиот круг од локалните избори, при што 24 од нив беа од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите од ТМРО, Левица и Алијасната за Албанците.

 

Поврзани новости