Управниот суд одби 16 тужби на партиите за локалните избори, 14 од нив се на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Судечките совети на Управниот суд донеле одлуки за сите 28 тужби од политичките партии поднесени од политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија за приговорите за првиот круг од локалните избори.

Досега објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани, од кои 14 се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а по една од ТМРО и Левица.

Одлуките на Управниот суд, за кои одлучуваа судечки совети составени од по пет судии избрани по пат на жрепка, се конечни.

Поврзани новости