УПОЗ не го признава Дарко Димовски за претседател на ССМ

by fokus

Синдикатот на УПОЗ не го признава Дарко Димовски за претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Од таму тврдат дека Димовски не е легитимно избран. Според синдикалците на управата и правосудните органи, конгресот се одржал нестатутарно и без да им се даде шанса на делегатите да изберат лидер преку тајно гласање.

Генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Деаноски денеска обвини дека претседавачот со Конгресот Роберт Симоновски во содејство со Дарко Димовски направиле своевиден криминал.

– Непосредно пред Конгресот, односно на втората пленарна седница делеа картони за гласање од никого не избројани и констатирани дека се е во ред, додаде Деаноски.

Посочи дека претседавачот не му дозволил на кандидатот за претседател на ССМ Пецо Грујовски да се обрати на Конгресот и да ја образложи својата програма за реформите во ССМ.

– Од овие причини Конгресот го напуштија Синдикатот на УПОЗ, АГРО Синдикатот, Синдикатот на финансиските дејности, Синдикатот на шумарството и дрвната индустрија и Синдикатот на вработените во сообраќајот и врските, рече Деаноски.

Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе поднесат судски постапки за случувањата на Конгресот.

Поврзани новости