УПОЗ: Митревски на своја рака потпиша меморандум со Груевски

by fokus

Синдикатот на УПОЗ бара итна и неотповиклива оставка од Живко Митревски, во спротивно ќе бара негово отповикување. Од УПОЗ велат дека претседателот Живко Митревски, злоупотребувајќи ја својата позиција потпиша Меморандум со ВМРО-ДПМНЕ, без одлука на Претседателството или Советот на ССМ што е во спротивност со Статутот и Програмата на ССМ.

-Синдикатот на УПОЗ најостро реагира на штетниот и дрзок чин на Живко Митревски, кој за свои потреби и лични привилегии, го турка синдикатот во партиски канџи.
Без консултации, самоволно, тој на своја рака го потпишал Меморандумот за соработка со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
За вакво вртење на курсот и занемарување на заложбите на синдикатот да ги штити правата на работниците, а не на партиите, мора да одлучи и заседава Претседателството и тоа со консензус, а не со надгласување или Советот на ССМ како највисок орган. Митревски, Вие ја злоупотребивте функцијата претседател на ССМ и затоа бараме веднаш Ваша неотповиклива оставка, затоа што Вие не се борите за работниците, туку за вашите лични интереси, велат од УПОЗ.

 

Поврзани новости