УПОЗ: Караџовски ги остави вработените во судството и без плата и без нејзино зголемување

by fokus

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) остро реагираа денеска, обвинувајќи ги првиот човек на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и одговорните лица во Министерството за финансии, дека пред празниците не само што не го добиле најавеното зголемување на платите од 10 отсто, туку и уште не добиле плата.

Караџовски експресно реагираше со известување од една реченица – дека е донесена одлука за одлагање на ветеното, пишува Мета.

„Судскиот буцетски совет денеска одржа седница на која донесе одлука за одложување на извршувањето на одлуката за исплата на додатоци на плата за вработените во судска власт“, гласи краткото соопштение.

Синдикатот на УПОЗ побара Караџовски и одговорните лица во Министерството за финансии да одговорат зошто, доколку во буџетот не биле предвидени средства за исплата на зголемувањето на плата во висина од 10 отсто, на сите вработени во судовите им биле поделени решенија за утврдување на работна успешност за март, во висина од 10 отсто на основната плата.

Поврзани новости