Уништени над 200 кг небезбедна храна при контроли во Охрид, Струга и Дојран

by fokus

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите три дена, спроведоа вонредни контроли во Охридско – струшкиот регион и во Дојран, при што опфатени биле 89 оператори со храна и уништени се над 200 килограми небезбедна храна.

Спроведени се контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркети и други објекти, каде има зголемена фреквенција на туристи, а зајакнати контроли се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места.

– За утврдените неусогласености ( најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови, нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и др.), издадени се 15 наредби за отстранување на утврдените недоследности, изречени се две забрани за вршење на дејност, 22 мерки едукација на операторите, а изречени се и и 14 парични казни. Како небезбедни, од страна на инспекциксите служби на Агенцијата, уништени се 203 килограми храна, информираат од АХВ.

Поврзани новости