Унгарска фирма влегува во „Република“

by fokus

Во порталот Република, кој до пред две години имаше газди од Белизе влегува фирма со унгарски капитал. Друштвото за услуги Адинамик Медиа ДООЕЛ Скопје, му се приклучува на досегашниот сопственик Доне Доневски и станува нов газда на веб-порталот, пишува „Призма“.

Седиштето на оваа фирма, чиј газда е Унгарец, според податоците од Централниот регистар, се наоѓа на истата адреса со телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан, на булеварот Киро Глигоров 4. Фирмата Адинамик Медиа е формирана во септември минатата година со паричен влог од 180.000 евра, а сопственик е извесна Агнеш Адамик од Будимпешта.

Инаку, сопственик од Унгарија минатата година доби и телевизија „Алфа“, кога извесен Петер Шац од Будимпешта стана еден од сопствениците на македонската телевизија со национална концесија, па оттаму се отвора прашањето кој е интересот на Унгарците да инвестираат во македонски медиуми.

Неделникот и порталот Република беа едни од првите кои во јавноста се поврзаа со Белизе и со криењето на сопствеништвото во оф-шор држави.

Поврзани новости