Унгарија се уште не одговорила на барањето за екстрадиција на Груевски, Македонија најавува ургенција

by Фокус

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на поранешен премиер Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска-Десковска.

-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат – рече Тренеска – Десковска.

Таа додава дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице.

-Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај – истакна министерката за правда.

Поврзани новости