Унгарија ќе ни ја штити границата од мигранти

by fokus 20:11
20:11

Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР, пренесе порталот СДК. Оваа вест беше соопштена вчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија.

Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско-грчката и македонско-бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти. Ист таков унгарски контингент со 15 полицајци ќе биде испратен и во Србија.

- Advertisements -

Унгарски полицајци и досега беа дел од европските полициски сили што ја заштитуваат македонската граница од илегални мигранти.

Поврзани новости