Унгарија ќе го оданочува интернетот

by Фокус

Унгарија од идната година планира да го оданочува користењето на интернетот и со оваа давачка државата ќе ги зголеми буџетските приходи, јавува „Волстрит џурнал“. Како што пишува „Волстрит џурнал“ мерката ќе биде последна од серијата на нови давачки што ги вовела партијата Фидес откако дошла на власт во 2010 година.

Унгарската држава ќе им наплаќа по 0,62 долари на корисниците на интернет за секој гигабјат што ќе почнат да го трошат во текот на еден месец. Поради оваа идеја активистите преку Феусјбук веќе понале да се организираат за протести со образложение дека новата давачка ќе го ограничи пристапот на интернет и преку тоа ќе ја загрози слободата на изразувањето.

„Волстрит џурнал“ анализира дека новиот данок лесно ќе помине во Собранието бидејќи партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес поседува двотретинско мнозинство во законодавниот дом во Будимпешта.

Поврзани новости