Унгарија им точи поскапо гориво на странците

by Фокус

Европската комисија ја обвини Унгарија дека ги дискриминира жителите на останатите држави од ЕУ со тоа што им нуди поевтин бензин на возачите со унгарски регистарски таблички.

Портпаролката на Европската комисија, Соња Господинова, кажа дека примиле поплаки од државјани на ЕУ кои од прва рака се соочиле со „дискриминирачките цени на бензинот“ кога точеле на бензинските пумпи во Унгарија.

Таа сугерираше дека унгарската политика ги нарушува регулаторните рамки на заедничкиот пазар на ЕУ.

-Сега не е време за еднострани одлуки на национално ниво и за дискриминирачки мерки за жителите на ЕУ – кажа Господинова.

Минатиот месец, унгарската влада соопшти дека возилата со унгарски регистарски таблички ќе плаќаат 480 форинти (1,25 евра) за литар гориво, додека останатите ќе плаќаат според пазарните цени, кои можат да бидат и 60 отсто повисоки.

Поврзани новости