Ултиматумот на Шараната револуција го нема на агендата на Уставниот суд

by fokus

Иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство, ја нема на дневен ред на агендата на Уставниот суд, ниту во текот на целата следна седмица.

Судијката Наташа Габер Дамјановска само кратко одговори дека ќе се произнесе по однос на СЈО кога точката ќе дојде на дневен ред но за тоа одлучува претседателот на судот.

Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од клучните барања на кое инсистира Шарената револуција, опозицијата и меѓународната заедница.

Шарената револуција на последните протести во Скопје даде рок до 18-ти јуни Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО. Тие порачаа дека доколку нивните барања не бидат исполнети до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин“.

Поврзани новости