1.3K
Еден од најдобрите пејачи од пост-југословенскиот простор, Тоше Проески ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево.
Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево да го носи името на починатиот македонски пејач е упатен е до Градското собрание на Панчево.
Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.
Инаку, ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден денес има голем број на обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизијските станици во Србија.
Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.