Украле трафостаница тешка 700 килограми во гостиварско

by fokus

Непознати лица извршиле тешка кражба на трафостаница тешка околу 700 килограми, која била поставена во атарот на село Дуф, гостиварско, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кражбата се случила помеѓу четвртокот и петокот.

Откако ја спуштиле од столбот висок десетина метри, тие ја демонтирале трафостаницата, сопственост на „ЕВН Македонија“ и одзеле околу 100 килограми бакарни елементи (намотки), додека другиот дел го оставиле и избегале.

На овој начин крадците противправно се стекнале со имотна корист од околу 180.000 денари. Причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот  и пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости