Украл оружје од продавница во ГТЦ во вредност од милион и пол денари

by Фокус

Полицијата добила пријава дека непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали во Градскиот трговски центар.

Според МВР, крадецот одзел 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“, 9 ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и воздушна пушка „Диана Класик“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости