773
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба повика на директни разговори меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Кулеба рече дека Украина е свесна оти Путин е личноста што донесува одлуки во Москва. Тој ова го изјави во контекст на тоа што третата рунда преговори заврши без значителен успех.
– Одамна сакавме директен разговор меѓу претседателот на Украина и Владимир Путин, бидејќи сите сфаќаме тој е оној кој ги носи конечните одлуки, особено сега, рече Кулеба.
– Нашиот претседател не се плаши од ништо, вклучително и од директна средба со Путин, ако Путин не се плаши, нека дојде на состанок, нека седнат и нека разговараат, рече тој.