Украина ќе добие 50 милиони евра од ЕИБ за набавка на вакцини

by fokus

Украина ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за набавка на вакцини против Ковид-19, изјави денеска премиерот Денис Шмигал.

Тој додаде дека парите ќе бидат потрошени и за набавка на модерна опрема за ладење во која ќе се чуваат вакцините.

Во Украина сè уште не е почната масовна вакцинација, а строгите рестриктивни мерки ќе бидат во сила до крајот на февруари.

Поврзани новости