Украина бара повеќе оружје и санкции по проширувањето на руската офанзива

by Fokus

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара повеќе оружје и дополнителни санкции за Русија.

Неговото барање уследи откако Москва најави проширување на офанзивата во Украина.

Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема исклучиво да се концентрира на источниот дел на Украина и оти преговорите меѓу Русија и Украина во сегашната ситуација немаат смисла.

Признанието на рускиот министер за надворешни работи за неговиот сон да заземе дополнителна украинска територија докажува дека Русија ја отфрла дипломатијата и се концентрира на војна и терор, посочи Кулеба.

Руските сили изминатите недели бомбардираат украински градови и напредуваат во источна Украина.

Поврзани новости