Украдено противтенковско оружје од база на грчката морнарица

by fokus

Локални власти покренале истрага откако е у тврдено дека исчезнало оружје од магацин во база на грчката морнарица на островот Лерос во Егејското Море.

Со инспекција е утврдено дека недостасува противтенковско оружје, муниција и рачни бомби.

Претходната проверка била извршена минатата година, информира портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, додавајќи дека има индиции дека оружјето е носено „малку по малку“.

Според него, најверојатно е дека тоа се случило во период од почетокот на годинава до летото.

Поврзани новости