Украдени прехрамбени продукти од главната кујна на градинките во Велес

by Fokus

Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот.

Од СВР Велес за „Фокус“ соопштија дека украдени се прехрамбени продукти, а повеќе информации најавија во текот на денот. Засега се уште не се знае кои се сторителите на оваа кражба и кои продукти конкретно се украдени.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости