Украден автомобил пред ТЦ Лептокарија по два часа пронајден во село Лака

by fokus
Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински“ позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон.
Како што соопшти МВР, веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во село Лака и ќе биде вратено на сопственикот. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости