Укажување на ДИК посилно од Изборниот законик!

by Фокус 12:29
12:29

Кога дури ниту Државната изборна комисија него почитува Изборниот законик, што пак да се очекува од политичките партии и кандидатите на овие избори?

Имено, според пречистениот текст на Изборниот законик („Службен весник на РМ“, бр. 32 од 12 февруари 2014), во членот 108-а, точка 9, децидно е наведено дека по идентификацијата избирачот добива гласачко ливче „и му се обележува со видливо мастило палецот на десната рака, односно палецот на левата рака, доколку нема палец на десната…“.

- Advertisements -

Спротивно на ова, Државната изборна комисија, на 23 април 2014 година (заведено со број 09-1854/1), донесе Укажувања во кои, во точката 1 стои: „За вториот круг Претседателски избори и предвремените Парламентарни избори, обележувањето на гласачите со видливо мастило ќе се врши на левиот палец“?!

Речиси на сите, а не само на правниците, им е познато дека законите важат и се применуваат онака како што се донесени со сите одредби во нив. И дека може да се менуваат само со закон. Дури и најнебитната промена, макар таа била лев или десен палец.

Но, на денешниве избори, уште еднаш „со видливо мастило“ се покажа како правото владее во Македонија. Едно обично укажување на ДИК е посилно и над – Изборниот законик!

Поврзани новости