Фирмите кои се управувани од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП.
Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Сања Лукаревска кажа дека ќе се постапува во делот на даноците.
Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени.
-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот- уверува Лукаревска.
Во однос на физичките лица директорката на УЈП вели дека ќе се контролираат по основ остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок , а од друга страна данчните обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.