УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ сѐ уште е во тек

by Fokus

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека сѐ уште е во тек исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец.

Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.

Досега, според информациите на УЈП, поврат на ДДВ е исплатен кај над 50 проценти од корисниците на МојДДВ.

Поврзани новости