УЈП им ги блокираше сметките на фирмите кои добија државна помош а не исплатија плати

by fokus

Кај дел од газдите кои зедоа државна помош за исплата на плати за октомври, Управата за јавни приходи веќе извршила присилна наплата, односно сметките им биле блокирани и им биле одземени средствата.

„Во понеделникот почнаа интензивни контроли од УЈП и од Државниот инспекторат за труд. Во следните два до три дена ќе ја известиме јавноста за резултатите од овие контроли. Инаку, контролите ги правиме секој во својата надлежност, односно конкретно ние од УЈП испитуваме во делот на персоналниот данок на доход, но и контроли дали биле запазени критериумите за добивање а финансиската помош под државата Кај сите компании кои се покриени злоупотреби ќе има прекрочни пријави и според Законот за финансиска помош, но и според законот за придонесите“, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека кај одредени компании кои зедоа помош а ги извисија работниците за плати биле пуштени опомени, а кај одредени веќе се врши и присилната наплата.

„Некаде веќе е извршена присилната наплата, односно се блокирани сметките и им се одземени тие средства, а некаде сме уште во фаза на преземање на дејствија за присилна наплата“, истакна Лукаревска.

Поврзани новости