УХМР: Внимателно движење покрај реките, можни се излевања од обилните врнежи

by Fokus

Врнежите од дожд, кои на некои места ќе надминат и 50 литри на метар квадратен, значително ќе ги зголемат водостоите на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.

Од УХМР не ја исклучуваат можноста во западните делови од земјата врнежите да доведат до локални излевања на реките. Висок водостој се очекува и на реката Вардар во нејзиното горно течение, заедно со нејзините притоки во тој дел.

Во источниот дел врнежите се очекува да бидат послаби, но не се исклучуваат излевања на реките Крива, Кумановска и Пчиња.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење покрај реките поради опасност од нивно излевање.

Поврзани новости