Угостителите чекаат покана од Влада за креирање на петтиот сет мерки

by fokus 10:37
10:37

Независната угостителска комора ги поздравува најавите од Владата за петти сет антикризни мерки и очекува покана за средба со цел да даде придонес кон креирањето на мерки кои ќе бидат насочени кон реалните потреби на угостителите.

– И покрај тоа што се уште немаме добиено покана за јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите со претседателот на Влада, ги поздравуваме предновогодишните изјави и прес конференции на кои претставниците на Владата и претседателот на Владата официјално гo најавија петтиот сет пакет на економски мерки со кои мерки треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните, а се планираат да ги дизајнираат во консултации со синдикатите, стопанските комори и други социјални партнери. Очекуваме покана како комора во креирањето на петтиот сет мерки со цел да земеме активно учество во креирањето на новиот сет мерки и заедно со останатите комори и Владата да дадеме и наш придонес истите да бидат креирани според вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија, велат од Комората во денешното соопштение.

- Advertisements -

Посочуваат дека се уште немаат информации за поднесената иницијатива до Уставниот суд од 18 декември.

Поврзани новости