Угостителите бараат средба со Комисијата за заразни болести по најавените рестрикции за празниците

by fokus

Независната угостителска комора (НУК) официјално поднела барање да учествува на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести по најавата за целосно затворање и нови рестрикции за угостителските објекти за време на празниците.

-По повод вчерашните информации од каде медиумите посочуваат дека дел од членовите на оваа Комисијата за заразни болести се залагаат за целосен LOCKDOWN на сите угостителски објекти за периодот од 31 декември до 8 јануари како Независна угостителска комора утринава доставивме барање за учество во понеделничкиот работен состанок на претставници на нашата комора и претставници на останатите комори за туризам и угостителство на кои се планира да се донесат овие препораки за нови рестриктивни мерки за угостителите и угостителската индустрија.

Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава, велат од Комората.

Тие и порачуваат на Комисијата да ги „засука ракавите“ и да изработи стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.

Според најавите во медиумите Комисијата не ја исклучува можноста за носење построги мерки за време на празните за угостителските објекти, па дури и целосно нивно затворање одредени денови за да се спречи чирењето на заразата со Ковид-19.

Поврзани новости