Удрил во паркирани возила и се бори за живот

by fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу полноќ на крстосницата со улиците „Сава Ковачевиќ“ крак 1 и 11.

Од полицијата информираат дека 22 годишниот Б.Ј. од скопско Сопиште управувајќи автомобил „Пежо“ удрил во три паркирани возила, „Шкода“ паркирана од Ј.Ј. (30) од Кратово, „Фолксваген Бора“ паркиран од Ј.Н. (55) од скопско Стајковци и „Фиат Добло“ паркирано од непознат возач.

Со возило на Итна медицинска помош, возачот на „Пежото“ бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, а возачите на паркираните автомобили кои во моментот на несреќата биле во нив биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Лекарските екипи кај Ј.Ј. констатирале тешки повреди и истиот се наоѓа во животна опасност, со фрактура на ребрата и напукната слезина. Кај Б.Ј. од Сопиште и  Ј.Н. од Стајковци констатирани се телесни повреди и истите се пуштени на домашно лекување по укажаната лекарска помош.

Поврзани новости