Удрил во метален браник и жичана ограда кај патарината Петровец

by fokus

Утрово во 05.30 часот на автопат Скопје-Велес, во близина на патарина Петровец, патничко возило „Пежо-206“ со скопки регистарски ознаки, управувано од М.С. (25)  од с.Петровец, скопско, удрило во метален браник и жичана ограда.

Притоа, возачот М.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Поврзани новости