Удрил шеснаесетгодишен велосипедист на кружен тек

by fokus

Триесет и тригодишен тетовец вчера околу 21 часот удрил шеснаесетгодишен велосипедист на кружниот тек на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово.

Повреденото лице било пренесено во Клиничката болница во Тетово каде што се констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости