Удрена Србинка на велосипед, возачот избегал

by fokus

Државјанка на Србија со иницијали Р.С. вчера била удрена од непознато возило додека со велосипед поминувала на улица „Љубљанска“. Од полицијата соопштија дека возачот го напуштил местото на настанот веднаш потоа.

„На 20.03.2019 во 17.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека Р.С.(59) од Зајечар, Република Србија, со привремен престој во Скопје, истиот ден околу 11.30 часот на улица „Љубљанска“, додека со велосипед поминувала на коловоз, била удрена од непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости