Уделот во „Пиксел груп“ Ковачевски го дал бесплатно, како подарок, тврди Петрушевски

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски својот удел во компанијата „Пиксел Груп“ го дал бесплатно, односно на подарок на својот тогашен партнер и косопственик, обелодени денеска пратеникот Бране Петрушевски на пратенички прашања.

Ковачевски му врати на Петрушевски дека тоа каде имал сопственички удел може да се најде на медиумите.

-Сум го отстапил уделот на тој што останува сопственик, тоа што вие го зборувате за продавање на удел, тоа вашите го имаат правено. Да го кажевте надвор од говорница, ова ќе го докажувате пред суд.

Сите компании во кои сум бил работеле законски и со работниците секое сабајле сме создавале вредности и сме плаќале даноци, а ти цел живот лежиш на државно. Ако извадам колку даноци сум платил, ќе се засрамиш за ова што го кажуваш, рече Ковачевски во одговорот.

Поврзани новости