Училиштата последни да затворат и први да отворат ако кризата „затвори“ институции, вели Шаќири

by fokus

Доколку поради енергетската криза се случи да треба да затворат некои институции, училиштата се последни што треба да се затворат, а први што треба да отворат, затоа што наставата со физичко присуство е подобра и дава резултати, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Случајот со енергетската криза е голем предизвик, образовните институции да бидат последните институции што треба да затворат ако се случи такво нешто, а ако се случи за сите такво нешто, први што треба да се отворат треба да бидат образовните институции затоа што наставата со физичко присуство дава свои резултати, наставата со физичко присуство е подобра и видовме од сите статистики какви проблеми и каков застој имаше со онлајн настава. Со тешкотиите што ги имавме последниве години во период од неколку години, овие тешкотии со физичко присуство се надминуваат, изјави Шаќири во интервју за Алсат-М.

Поврзани новости