Ученици ја гаѓаа со јајца општината во Тетово

by fokus 16:31
16:31

Учениците од вишите одделенија на основното училиште „Лирија“ од Тетово изутринава протестираа пред зградата на општина Тетово, пренесе СДК.

Тие бараа од градоначалничката Теута Арифи да се заангажира за итна санација на покривот на училиштето. По вчерашните обилни дождови во Тетово, покривот на училиштето на повеќе места попуштил и водата продрела во ходникот на најгорниот кат и во неколку училници.

- Advertisements -

Освен што гласно извикуваа „Поправете ни го покривот од училиштето“ учениците фрлаа кон општинската зграда со јајца. Протестот траеше кратко по што учениците се разотидоа а денес во училиштето немаше настава.

Поврзани новости