Ученик од Неготино и наставничка од Кавадарци помеѓу новите ковид позитивни случаи во Тиквешко

by Фокус

Една наставничка и 12 деца од второ одделение од Неготино одат во изолација, поради ученик инфициран со корона вирус.

Исто така, две деца од специјална паралелка од Кавадарци се во изолација, бидејќи нивната наставничка е позитивна на вирусот, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Во Тиквешијата денес се регистрирани 21 нов случај, и тоа 12 во Кавадарци, седум во Неготино и два во Демир Капија.

Изминатиот период бројот на новорегистрирани случаи во регионот забележува опаѓање. Исто така, намален е и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид одделот во кавадаречката болница.

Вчера беа хоспитализирани 35 пациенти, а има 25 слободни места.

В.К.

Поврзани новости