УБК се одвојува од МВР

by fokus

Управата за безбедност и разузнавање (УБК) ќе се раздвои од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оваа одлука била донесена на вчерашната владина седница.

-Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, со план за негово воспоставување. На седницата Владата на РМ го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните органи на државната управа и други институции да ги координира сите активности кои произлегуваат од реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, информираа од Владата.

Ова значи дека УБК отсега ќе функционира како посебно и независно тело, надвор од МВР, но под ингеренции на Владата. Според усвоениот план, тајната полиција ќе се претвори во разузнавачка и контраразузнавачка служба, ќе има превентивна а не репресивна функција со јасна поделба на овластувањата, автономија во истраги и целосна деполитизација.

Промените исто така подразбираат јасна поделба на надлежностите на УБК и на БЈБсо што се очекува да се избегне судир на надлежностите на терен. 

Значајната реформа во УБК, се поклопи со денот кога екс директорот на управата, Сашо Мијалков, доби 30-дневен притвор, како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“.

В.В.

 

 

Поврзани новости