642
Убиството на американскиот новинар Брент Рено е шокантени ужасен настан. Ова го изјави синоќа за Си-Ен-Ен, Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.
„Ова е уште еден пример за бруталноста на Владимир Путин и неговите сили чии цели се училишта, џамии, болници и новинари. САД работат на тоа рускиот претседател да плати висока цена. Ние им помагаме на Украинците со секаква воена помош што можеме да ja организираме за тие да ги истеснат руските сили, изјави тој.